Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 19:16-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. А кога гласниците влегоа, ете: во постелата беше кипот, со козина околу главата!

17. Тогаш Саул и рече на Михала: „Зошто ме измами така и го пушти мојот непријател да побегне и да се спаси?” А Михала му одговори на Саула: „Тој ми рече: ‘Пушти ме да си одам, или ќе те убијам!’”

18. Така Давид избега и се спаси. И тој отиде кај Самоила во Рама и му јави за сè што му направи Саул. Потоа тој и Самоил отидоа и се настанија во Најот.

19. А на Саула му јавија вака: „Ене го Давид во Најот во Рама.”

20. Тогаш Саул испрати гласници за да го фатат Давида. Кога тие видоа пророчки собир во пророчки занес, а Самоил на нивно чело, Божјиот Дух ги опфати и Сауловите гласници, та и тие пророкуваа.

21. Кога му го јавија тоа на Саула тој испрати други гласници, но и тие пророкуваа. Потоа Саул испрати и трети гласници, ама и тие пророкуваа.

22. Тогаш Саул тргна сам во Рама, и кога дојде до големиот кладенец кај Сокхот, праша: „Каде се Самоил и Давид?” И му одговорија: „Ене ги во Најот во Рама.”

23. Тој веднаш тргна кон Најот во Рама. Но и него го обзеде Божји Дух, па одеше во пророрчки занес сè додека не дојде во Најот во Рама.

24. Таму и тој ги соблече своите облеки зашто и него го обзеде занес пред Самоила; потоа легна гол и остана така целиот тој ден и сета ноќ. Оттогаш се вели: „Зар е и Саул меѓу пророците?”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 19