Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 19:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Но Саул ги врати гласниците за да го видат Давида, и им заповеда: „Донесете го кај мене во постела, за да го убијам!”

16. А кога гласниците влегоа, ете: во постелата беше кипот, со козина околу главата!

17. Тогаш Саул и рече на Михала: „Зошто ме измами така и го пушти мојот непријател да побегне и да се спаси?” А Михала му одговори на Саула: „Тој ми рече: ‘Пушти ме да си одам, или ќе те убијам!’”

18. Така Давид избега и се спаси. И тој отиде кај Самоила во Рама и му јави за сè што му направи Саул. Потоа тој и Самоил отидоа и се настанија во Најот.

19. А на Саула му јавија вака: „Ене го Давид во Најот во Рама.”

20. Тогаш Саул испрати гласници за да го фатат Давида. Кога тие видоа пророчки собир во пророчки занес, а Самоил на нивно чело, Божјиот Дух ги опфати и Сауловите гласници, та и тие пророкуваа.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 19