Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 18:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Давид го заврши разговорот со Саула, Јонатановата душа се наклони кон Давидовата душа, и Јонатан го возљуби како самиот себеси.

2. Саул го задржа Давида во оној ист ден кај себе, не го остави да се врати во куќата на својот татко.

3. И Јонатан склучи сојуз со Давида, зашто го љубеше како самиот себе.

4. И Јонатан ја симна наметката што ја имаше на себе и му ја даде на Давида; така и својата облека, па и својот меч, својот лак и својот појас.

5. Во сите свои походи, каде и да го праќаше Саул, Давид постапуваше разумно, и Саул го постави на чело на своите воини; тој му замилеа на сиот народ, па и на Сауловите дворјанци.

6. При нивното враќање, кога Давид се враќаше откако го уби Филистеецот, жените од сите Израелеви градови му излегоа во пресрет на царот Саул воскликнувајќи весело, пеејќи и играјќи при звуци на тапани и гуслиња.

7. Жените пееја играјќи: „Саул погуби илјади, Давид десетици илјади.”

8. Саул се расрди многу, не му беше мила таа песна. Затоа рече: „На Давида му дадоа десетици илјади, а мене само илјада! Уште му треба само царството!”

9. И од тој ден Саул го гледаше Давида со омраза.

10. Утреден зол Божји дух го нападна Саула, така што беснееше по куќата. Давид удираше со раката по лирата како во другите денови, а Саул имаше копје во раката.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 18