Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 17:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Кога Саул и сиот Израел чуја што рече Филистеецот, ги опфати страв и трепет.

12. Давид му беше син на некој си Ефраќанец од Витлеем во Јудеја; тој се викаше Јесеј, а имаше осум синови. Тој човек, во Сауловото време, беше стар и напреднат во годините.

13. Трите најстари Јесееви синови беа отишле по Саула во војна; а тие три негови синови, кои беа отишле во војна, се викаа: најстариот Елијав, вториот Авинадав, а третиот Сама.

14. Давид беше најмлад. А трите најстари беа отишле по Саула.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 17