Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 17:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Филистејците ги собраа своите чети и се состанаа кај Сокхот во Јудеја. Се влогорија меѓу Сокхот и Азика кај Ефес Дамим.

2. А Саул и Израелците се собраа и се влогорија во Теребинската Долина и се наредија за бој против Филистејците.

3. Филистејците стоеја на гората од едната страна, Израелците на гората од другата страна, а долината беше меѓу нив.

4. Од филистејските редови излезе еден предизвикувач. Се викаше Голијат, а беше од Гат. Беше висок шест лакти и една педа.

5. На главата имаше бронзена кацига, беше облечен во лушпест оклоп, а оклопот му беше тежок пет илјади бронзени сикли.

6. На нозете имаше бронзени ногалки, а на рамената бронзен штит.

7. Дршката на неговото копје беше како ткајачко кросно, а врвот на копјето тежеше шест стотини железни сикли. Пред него врвеше штитоносец.

8. Тој застана пред израелските бојни редици и им викна: „Зашто сте излегле да се наредите за битка? Не сум ли јас Филистеец, а вие Саулови слуги? Изберете од вас еден човек па нека слезе кон мене!

9. Ако победи во борбата против мене и ако ме погуби, ние ќе бидеме ваши слуги. Ако пак јас го победам него и го погубам, тогаш вие ќе бидете наши слуги и ќе ни робувате.”

10. Филистеецот рече уште: „Јас денес ги предизвикав Израелевите бојни редови. Дајте ми човек за да се обидеме во двобој!”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 17