Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 16:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Тогаш Саул му испрати гласници на Јесеј и му порача: „Испрати ми го својот син Давид кој е кај стадото!”

20. А Јесеј зеде пет лебови, мев со вино и му ги испрати на Саула по својот син Давид.

21. И Саул го возљуби многу, и Давид стана негов штитоносец.

22. Потоа Саул испрати кај Јесеја и му порача: „Давид нека остане кај мене во служба, зашто ја придоби мојата наклонетост.”

23. И кога Божјиот зол дух ќе го нападнеше Саула, Давид ја земаше лирата и свиреше; тогаш му олеснуваше на Саула, и му стануваше подобро, а лошиот дух заминуваше од него.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 16