Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 16:14-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Господовиот Дух беше отстапил од Саула, а еден зол дух, од Господа, почна да го вознемирува.

15. Тогаш на Саула му рекоа неговите слуги: „Еве Божји зол дух те вознемирува.

16. Затоа нашиот господар нека заповеда, па твоите слуги ќе побараат човек, кој знае да свири со лира: кога ќе те нападне Божјиот зол дух, оној нека свири во лирата, па ќе ти биде подобро.”

17. Саул им рече на своите слуги: „Најдете ми човек, кој умее да свири вешто со лира и доведете го кај мене!”

18. Еден од неговите слуги одговори: „Јас видов еден син на Витлеемецот Јесеј: тој умее да свири со лира, храбар човек е, и човек воин, вешт говорник е, со убава става, и Господ е со него.”

19. Тогаш Саул му испрати гласници на Јесеј и му порача: „Испрати ми го својот син Давид кој е кај стадото!”

20. А Јесеј зеде пет лебови, мев со вино и му ги испрати на Саула по својот син Давид.

21. И Саул го возљуби многу, и Давид стана негов штитоносец.

22. Потоа Саул испрати кај Јесеја и му порача: „Давид нека остане кај мене во служба, зашто ја придоби мојата наклонетост.”

23. И кога Божјиот зол дух ќе го нападнеше Саула, Давид ја земаше лирата и свиреше; тогаш му олеснуваше на Саула, и му стануваше подобро, а лошиот дух заминуваше од него.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 16