Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 15:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Саул ги порази Амаликците од Авила па сè до Сур, кој лежи пред Египет.

8. И го фати жив Агаг, амаличкиот цар, а сиот народ го сотре со острилото на мечот, извршувајќи клето уништување.

9. Но Саул и народот ги поштедија Агаг и најдобрите овци и најдобрите говеда, згоената стока и јагнињата, и сè што беше добро. Не сакаа да извршат клето уништување над сè тоа; туку над тоа што беше без цена и вредност од добитокот, врз тоа извршија проклето уништување.

10. Затоа му дојде Господовото слово на Самоила вака:

11. ”Се кајам што го поставив Саула за цар: се сврти од Мене и не ги исполни Моите заповеди.” Самоил се нажали, и цела ноќ извикнуваше кон Господа.

12. Рано наутро Самоил тргна за да го побара Саула. И му јавија на Самоила вака: „Саул отиде во Кармил, и ете, си подигна таму споменик; потоа отиде натаму и слезе во Галгал.”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 15