Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 15:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Саул го свика народот да го преброи во Телаим: беа две стотини илјади пешаци (и десет илјади Јудејци).

5. Саул дојде до Амаличкиот град и постави заседа во долината на потокот.

6. Потоа Саул им порача на Кенејците: „Отидете и одвоете се од Амаликците за да не ве истребам заедно со нив, зашто им бевте наклонети на сите Израелци кога излегуваа од Египет.” И Кенејците се одвоија од Амаликците.

7. Саул ги порази Амаликците од Авила па сè до Сур, кој лежи пред Египет.

8. И го фати жив Агаг, амаличкиот цар, а сиот народ го сотре со острилото на мечот, извршувајќи клето уништување.

9. Но Саул и народот ги поштедија Агаг и најдобрите овци и најдобрите говеда, згоената стока и јагнињата, и сè што беше добро. Не сакаа да извршат клето уништување над сè тоа; туку над тоа што беше без цена и вредност од добитокот, врз тоа извршија проклето уништување.

10. Затоа му дојде Господовото слово на Самоила вака:

11. ”Се кајам што го поставив Саула за цар: се сврти од Мене и не ги исполни Моите заповеди.” Самоил се нажали, и цела ноќ извикнуваше кон Господа.

12. Рано наутро Самоил тргна за да го побара Саула. И му јавија на Самоила вака: „Саул отиде во Кармил, и ете, си подигна таму споменик; потоа отиде натаму и слезе во Галгал.”

13. Кога Самоил дојде кај Саула, Саул му рече: „Благословен да си од Господа! Ја извршив Господовата заповед.”

14. Ама Самоил праша: „Какво е тоа блеење на овци што достига до моите уши и мукање на говеда што го слушам?”

15. А Саул одговори: „Ги потераа од Амаликците, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и најдобрите говеда, за да ги жртвува на Господа, на твојот Бог. Сè друго истребивме!”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 15