Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 15:32-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Потоа Самоил заповеда: „Доведете го при мене Агаг, амаличкиот цар!” И Агаг дојде при него весело и рече: „Навистина, горчината на смртта одминала!”

33. Самоил му одговори: „Како што твојот меч им ги одзеде децата на многу жени, така твојата мајка ќе остане меѓу жените без дете!” И Самоил го сосече Агага пред Господа во Галгал.

34. Потоа Самоил отиде во Рама, а Саул се врати во својот дом, во Сауловата Гаваја.

35. И Самоил не го виде веќе Саула до својот смртен ден. Самоил тажеше заради Саула, ама Господ воздивна што го постави Саула за цар над Израел.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 15