Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 15:24-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Тогаш Саул му одговори на Самоила: „Згрешив што ги прекршив Господовата заповед и твоите наредби. Се боев од народот и му попуштив на неговото барање.

25. А сега прости ми го мојот грев и врати се со мене, за да му се поклонам на Господа.”

26. Но Самоил му одговори на Саула: „Нема да се вратам со тебе: ти го отфрли Господовото слово, затоа Господ те отфрли тебе, за да не бидеш веќе цар над Израел.”

27. Кога Самоил се сврте за да си отиде, Саул го фати цврсто скутот на неговата наметка, но скутот се отцепи.

28. Тогаш Самоил му рече: „Денес Господ ти го отцепи царството над Израел и му го даде на твојот сосед, кој е подобар од тебе.”

29. Сепак Силниот Израелев Светец не лаже и не се кае, зашто не е човек за да се кае.

30. Саул рече: „Согрешив; но сега направи ми чест пред старешините на мојот народ и пред Израел и врати се со мене, за да Му се поклонам на Господа, на твојот Бог.”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 15