Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 15:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Еднаш Самоил му рече на Саула: „Господ ме испрати мене за да те помажам за цар над Неговиот народ, Израел. И така послушај ги Господовите зборови.

2. Господ над Воинствата зборува вака: ‘Одлучив да се одмаздам за она што Амалик му направил на Израел, затворајќи му го патот кога излегуваше од Египет.

3. Сега оди и удри на Амалик, изврши проклето уништување, врз него и врз сè што има; не поштедувај го, погуби ги мажите и жените, децата и доилчињата, говедата и овците, камилите и ослиците!’”

4. Саул го свика народот да го преброи во Телаим: беа две стотини илјади пешаци (и десет илјади Јудејци).

5. Саул дојде до Амаличкиот град и постави заседа во долината на потокот.

6. Потоа Саул им порача на Кенејците: „Отидете и одвоете се од Амаликците за да не ве истребам заедно со нив, зашто им бевте наклонети на сите Израелци кога излегуваа од Египет.” И Кенејците се одвоија од Амаликците.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 15