Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 14:46-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

46. Саул се откажа од потерата по Филистејците, а Филистејците се вратија во својот крај.

47. Кога Саул ја зацврсти својата царска власт над Израел, се сврте да војува против сите свои непријатели наоколу: против Моав, против Амонците, против Едом, против царот на Сова и против Филистејците; каде и да се завртеше секаде победуваше.

48. Даде многу докази за својата храброст, ги порази Амаликците и го избави Израел од рацете на оние кои што го ограбуваа.

49. Саулови синови беа: Јонатан, Исух и Мелхи-Суј, а од неговите две ќерки постарата се викаше Мерава, а помладата Михала.

50. Сауловата жена се викаше Ахиноама, а беше ќерка Ахимасова. Војводата на неговата војска се викаше Авенир, а му беше син на Нир, Сауловиот чичко.

51. Зашто Кис, Сауловиот татко, и Нир, Авенировиот татко, беа синови Авилови.

52. Жестока војна се водеше против Филистејците за време на сиот Саулов век. И кого и да видеше Саул храбар и боевит човек, секого го земаше во своја служба.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 14