Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 14:41-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Тогаш Саул се помоли: „Господи, Израелев Боже, зошто не му одговори денес на својот слуга? Ако е вината на мене или на мојот син Јонатан, Господи, Израелев Боже, дај Урим; ако е вината на Твојот народ Израел, дај Тумим.” И жрепката падна на Саула и на Јонатана, а народот излезе прав.

42. Саул продолжи: „Фрлете жрепка за мене и за мојот син Јонатан!” И жрепката падна на Јонатана.

43. Тогаш Саул му рече на Јонатана: „Признај што си направил!” Јонатан одговори: „Јас само вкусив малку мед со врвот на стапот што ми беше во раката. Еве ме, готов сум да умрам!”

44. Саул одговори: „Така Господ да ми направи зло и да ми додаде друго ако навистина не умреш Јонатане!”

45. Ама народот му рече на Саула: „Зар да умре Јонатан, кој ја извојува оваа голема победа во Израел? Тоа не смее да биде! Живиот ни Господ, ниедно влакно од неговата глава нема да падне на земја, зашто тој со Бога го изврши ова дело денес!” Така народот го избави, та Јонатан не загина.

46. Саул се откажа од потерата по Филистејците, а Филистејците се вратија во својот крај.

47. Кога Саул ја зацврсти својата царска власт над Израел, се сврте да војува против сите свои непријатели наоколу: против Моав, против Амонците, против Едом, против царот на Сова и против Филистејците; каде и да се завртеше секаде победуваше.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 14