Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 14:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Еден ден Сауловиот син Јонатан му рече на својот момок, оруженосец: „Ајде да поминеме до филистејската стража, која е онаму преку.” Не му јави ништо за тоа на својот татко.

2. Саул седеше на меѓата на Гаваја, под калинката што беше во Мигрон; а со него беа околу шест стотини луѓе.

3. А Ахиј синот Ахитов, братот Ихаводов, синот Финесов, синот Илиев, на Господовиот свештеник во Сило, носеше наплеќник. Народот не забележа дека Јонатан си отиде.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 14