Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 14:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Еден ден Сауловиот син Јонатан му рече на својот момок, оруженосец: „Ајде да поминеме до филистејската стража, која е онаму преку.” Не му јави ништо за тоа на својот татко.

2. Саул седеше на меѓата на Гаваја, под калинката што беше во Мигрон; а со него беа околу шест стотини луѓе.

3. А Ахиј синот Ахитов, братот Ихаводов, синот Финесов, синот Илиев, на Господовиот свештеник во Сило, носеше наплеќник. Народот не забележа дека Јонатан си отиде.

4. Во средината на клисурата каде што Јонатан сакаше да помине за да дојде до филистејската стража имаше стрмен камен од едната страна и стрмен камен од другата страна. Едниот се викаше Восес, а другиот Сене.

5. Првиот стрмен камен стоеше на север, спроти Михмас, а другиот на југ, спроти Гаваја.

6. Јонатан му рече на својот оруженосец: „Ајде да поминеме до стражата на оние необрезаници. Можеби Господ ќе направи нешто за нас, зашто ништо не Му пречи на Господа да додели победа, било да се многу луѓе или малку.”

7. А штитоносецот му одговори: „Прави сè на што те поттикнува твоето срце. Јас ќе дојдам со тебе, моето срце е како твоето срце.”

8. Јонатан му одговори: „Еве ќе поминеме кон тие луѓе и ќе им се покажеме.

9. Ако ни речат вака: ‘Не мрдајте сè додека не дојдеме до вас,’ тогаш ќе се исправиме на местото и нема да се искачуваме кон нив.

10. Ама ако ни речат вака: ‘Искачете се кон нас,’ тогаш ќе се искачиме, зашто Господ ни ги предаде во рацете. Тоа ќе ни биде знак.”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 14