Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 13:15-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Тогаш Самоил стана и си отиде од Галгал по својот пат во Венијаминова Гаваја. Народот што остана, тргна по Саула во пресрет на војниците. Штом дојдоа од Галгал во Венијаминова Гаваја, Саул го преброи народот што остана покрај него, и го имаше околу шест стотини.

16. Саул и неговиот син Јонатан со луѓето кои што беа со нив заседнаа во Венијаминова Гаваја, а Филистејците се влогорија во Михмас.

17. Тогаш од филистејскиот логор излезе чета пљачкаши во три одделенија: едното одделение удри кон Офра во Совалската Земја;

18. второто одделение тргна кон Вет Орон, а третото одделение удри кон Гаваја што се крева покрај Севоим (Долината на Хиените) кон пустината.

19. А по сета Израелева земја немаше ковачи, зашто Филистејците рекоа: „Треба да се стори сè за да не си прават Евреите мечеви и копја.”

20. Затоа сите Израелци одеа кај Филистејците ако некој сакаше да го прекове своето рало или мотиката, својата секира или остенот за воловите.

21. Или ако им се скршеа врвовите на паличниците, мотиките, вилите, или секирите, или ако беше потребно да поправат кол.

22. Така се случи на денот на битката кај Михмас никој од сиот народ, што беше со Саула и со Јонатана, немаше ни меч ни копје во раката; само Саул и неговиот син Јонатан ги имаа.

23. А тогаш една филистејска стража беше излегла кон преминот кај Михмас.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 13