Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 12:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Тој ги предаде во рацете на Сисара, војводата на асорската војска, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.

10. И пак извикаа кон Господа за помош, говорејќи: ‘Згрешивме, зашто Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на ваалите и на астартите; избави нè сега од рацете на нашите непријатели па ќе Ти служиме!’

11. И Господ ги испрати Еровала, Ведана, Ефтаја и Самоила, па ве избави од рацете на вашите непријатели, наоколу, така што можевте да живеете без страв.

12. Ама кога го видовте Наас, амонскиот цар, како иде против вас, ми рековте: ‘Не, туку цар нека владее над нас!’ Па сепак е ваш Цар, Господ, вашиот Бог!

13. И ете ви го сега царот кого го избравте! Ете, Господ постави цар над вас.

14. Ако се боите од Господа и ако Му служите, ако го слушате Неговиот глас и не се противите на Неговите заповеди, ќе го следете Господа, својот Бог, вие и царот кој царува над вас.

15. Ако не го слушате Господовиот глас, ако се противите на Неговите заповеди, тогаш Господовата рака ќе се спушти на вас и на вашиот цар, како што беше против вашите татковци.

16. Сега пристапете уште еднаш и видете го големиот знак што Господ ќе го направи пред вашите очи.

17. Не е ли сега пченичната жетва? Ама јас ќе Го повикам Господа, и Тој ќе испрати громови и дожд. И ќе разберете јасно колку е големо злото што го направивте пред Господа, барајќи цар за себе.”

18. Тогаш Самоил го повика Господа, и Господ испрати громови и дожд во оној ден, и сиот народ многу се исплаши од Господа и од Самоила.

19. И сиот народ му рече на Самоила: „Моли Му се на Господа, на својот Бог, за своите слуги, за да не изумреме, зашто кон сите свои гревови додадовме зло - барајќи цар за себе.”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 12