Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 12:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Не клањајте им се веќе на ништожните кипови, кои не ви користат ништо, не ви помагаат ништо, зашто се само ништожества.

22. А Господ нема да го отфрли Својот народ, заради Своето величествено име, зашто Господ благоволи да направи Свој народ.

23. А нека биде далеку од мене за да Му згрешам на Господа, прекратувајќи да молам за вас и да ве упатувам на добар и чесен пат.

24. Само бојте се од Господа, и служете Му нему искрено со сето свое срце; зашто колку големи дела направи за вас.

25. Ако правите зло, ќе пропаднете вие и вашиот цар.”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 12