Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 12:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. И отсега царот ќе оди пред вас. А јас остарев и оседев, и моите синови ете, се меѓу вас. Јас одев пред вас од својата младост па до денешниот ден.

3. Еве ме! Посведочите против мене пред Господа и пред Неговиот помазаник: кому му одзедов вол и кому му одзедов осле? Кого го измамив? Кого го угнетував? Од кого примив поткуп за да замижам на едното око? Јас ќе ви вратам назад сè.”

4. А тие одговорија: „Не нè измами, не нè угнетуваше, од никого не прими ништо.”

5. Уште им рече: „Господ е сведок за вас, и Неговиот помазаник е сведок во овој ден, дека не најдовте ништо во мојата рака.” А тие одговорија: „Сведок е!”

6. Тогаш Самоил му рече на народот: „Да, сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеја и Арона и Кој ги изведе вашите татковци од Египет.

7. Застанете сега тука, да поразговарам со вас пред Господа и да ве потсетам на сите големи дела, кои ви ги направи Господ вам и на вашите татковци.

8. Кога Јаков дојде во Египет Египетците ги притиснаа, а вашите татковци извикаа кон Господа за помош. И Господ ги испрати Мојсеја и Арона, кои ги изведоа вашите татковци од Египет, и ги насели на ова место.

9. Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Тој ги предаде во рацете на Сисара, војводата на асорската војска, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 12