Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 12:18-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Тогаш Самоил го повика Господа, и Господ испрати громови и дожд во оној ден, и сиот народ многу се исплаши од Господа и од Самоила.

19. И сиот народ му рече на Самоила: „Моли Му се на Господа, на својот Бог, за своите слуги, за да не изумреме, зашто кон сите свои гревови додадовме зло - барајќи цар за себе.”

20. Ама Самоил му рече на народот: „Не бојте се! Навистина вие го сторивте сето ова зло, ама сега веќе не го оставајте Господа, туку служете Му на Господа со сето свое срце.

21. Не клањајте им се веќе на ништожните кипови, кои не ви користат ништо, не ви помагаат ништо, зашто се само ништожества.

22. А Господ нема да го отфрли Својот народ, заради Своето величествено име, зашто Господ благоволи да направи Свој народ.

23. А нека биде далеку од мене за да Му згрешам на Господа, прекратувајќи да молам за вас и да ве упатувам на добар и чесен пат.

24. Само бојте се од Господа, и служете Му нему искрено со сето свое срце; зашто колку големи дела направи за вас.

25. Ако правите зло, ќе пропаднете вие и вашиот цар.”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 12