Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 1:2-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Имаше две жени: името на едната и беше Ана, а на другата името и беше Фенина. Фенина имаше деца, а Ана немаше.

3. Тој човек се искачуваше секоја година од својот град за да Му принесе жртва на Господа на Силите во Сило. Таму беа двајцата Илиеви синови, Офниј и Финес, како Господови свештеници.

4. Еден ден Елкан принесе жртва. Тој обично им даваше на својата жена Фенина и на сите нејзини синови и ќерки жртвени делови,

5. а на Ана и даваше повеќе еден дел, зашто повеќе ја љубеше Ана, ама Господ и ја беше затворил утробата.

6. Покрај тоа нејзината соперница ја натажуваше, за да ја понижи зашто Господ и ја беше затворил утробата.

7. Така беше секоја година кога би поаѓале во Господовиот Дом: Фенина ја дразнеше. Затоа Ана плачеше и не сакаше да јаде.

8. Тогаш и рече Елкан, нејзиниот маж: „Зошто плачеш Ана? И зошто не јадеш? Зошто ти е тажно срцето? Не сум ли ти јас повреден од десет синови?”

9. Ама Ана стана, откако јадеа и пиеја во Сило, и стапи пред Господа - а свештеникот Илија седеше на столица на прагот на Господовиот Храм.

10. И јадосана во душата Ана Му се помоли на Господа, плачејќи горко.

11. И се заветува вака: „Господи над Воинствата! Ако погледнеш на неволјата на својата слугинка, и си спомниш за мене, и не ја заборавиш својата слугинка та и дадеш на својата слугинка машко дете, јас ќе Му го подарам на Господа за сите денови на неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава.”

12. Така таа се молеше долго пред Господа, а Илија ги набљудуваше нејзините усни.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 1