Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 1:17-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Тогаш Илија и одговори вака: „Оди си во мир! А Израелевиот Бог нека ти ја исполни молитвата со која Го молеше.”

18. А таа рече: „Нека твојата слугинка најде милост во твоите очи!” И жената си отиде по својот пат: јадеше, и лицето не и беше веќе тажно како порано.

19. Утрината поранија и Му се поклонија на Господа, а тогаш се вратија и дојдоа во својата куќа во Рама. Елкан ја позна Ана, својата жена, а Господ си спомни за неа.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 1