Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 8:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Венијамина му се роди првенецот Вела, вториот Асвил, третиот Ара,

2. четвртиот Ное и петтиот Рафа.

3. Велини синови беа: Адар, Гира, Авијудов татко,

4. Ависуј, Наман, Ахој,

5. Гира, Сефуван и Урам.

6. Тие беа Ехудови синови и им беа семејни главатари на оние кои живееја во Гаваја, откаде ги одведоа во ропство во Манахат;

7. Наман, Ахиј и Гира; тој ги водеше во ропство, а му се родија Уза и Ахијуд.

8. Сараим, откако ги остави жените Усима и Вара, доби синови во Моавското Поле:

9. со својата жена Одеса ги имаше синовите: Јовав, Сивиј, Миса, Малхам,

10. Јеус, Сахиј и Мирма; тоа беа неговите синови, семејни главатари.

11. Со Усима му се родија Авитов и Елфал.

12. Елфалови синови беа: Евер, Мисам и Самед; тој ги изгради Онон и Лод со нивните села.

13. Потоа Вериј и Сем. Тие им беа семејни главатари на оние кои живееја во Еалон и кои ги истераа гатските жители.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 8