Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 7:4-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Со нив според сродните семејства беа во воени чети за војна триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови.

5. Нивните браќа, по сите Исахарови родови, храбри јунаци, беа вкупно осумдесет и седум илјади, и сите беа запишани во племенските родословници.

6. Венијаминови синови: Вела, Вехер и Едијаил, тројца.

7. Велини синови: Есвон, Озиј, Озил, Еримот и Ириј, пет семејни главатари, храбри јунаци; во племенскиот попис беа запишани дваесет и две илјади и триесет и четири.

8. Вехерови синови: Земир, Јоас, Елиезер, Елијоенај, Амриј, Еримот, Авиј, Анатот и Аламер, сите Вехерови синови.

9. Во племенскиот попис по колена, по семејни главатари, храбри јунаци, беа запишани дваесет илјади и двеста.

10. Едијаилови синови: Валан, Валанови синови: Јеус, Венијамин, Ехуд, Ханан, Зитан, Тарсис и Ахисар.

11. Сите Едијаилови синови по семејните главатари, храбри јунаци, беа седумдесет и две илјади и двеста, сè способни за војна.

12. Суфеј и Упеј. Синови Ирови: Усеј; негов син Ахир.

13. Нефталимови синови: Јасил, Гунуј, Есер и Салум, Валини синови.

14. Манасиеви синови: Азрил, кого го роди Манасиевата соложница Арамејка; таа го роди и Махир, таткото Галадов.

15. Махир се ожени од Уфеј и од Суфеј, сестра им се викаше Мака; името на другиот му беше Салпад, а Салпад имаше ќерки.

16. Махировата жена Мака роди син, кому му го даде името Фарес. На брат му му го даде името Серес, а негови синови беа Улам и Ракем.

17. Уламов син: Ведан. Тоа се синовите на Галад, синот Махиров, синот Манасиев.

18. Неговата сестра Амолекета ги роди: Исуд, Авиезер и Мала.

19. Семидини синови беа: Ахијан, Сихем, Лихиј и Анијам.

20. Ефремови синови: Сутал, неговиот син Веред, негов син Тахат, негов син Елеад, негов син Тахат,

21. негов син Завад, негов син Сутал, Есер и Елеад. Нив ги убија галадските граѓани, родени во земјата, зашто слегоа да им го одземат добитокот.

22. Затоа нивниот татко Ефрем тажеше долго време, а браќа му одеа да го утешуваат.

23. Тогаш влезе при својата жена, и таа забремени и роди син, а тој му даде име Верија, зашто несреќата се случи во неговата куќа.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 7