Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 7:10-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Едијаилови синови: Валан, Валанови синови: Јеус, Венијамин, Ехуд, Ханан, Зитан, Тарсис и Ахисар.

11. Сите Едијаилови синови по семејните главатари, храбри јунаци, беа седумдесет и две илјади и двеста, сè способни за војна.

12. Суфеј и Упеј. Синови Ирови: Усеј; негов син Ахир.

13. Нефталимови синови: Јасил, Гунуј, Есер и Салум, Валини синови.

14. Манасиеви синови: Азрил, кого го роди Манасиевата соложница Арамејка; таа го роди и Махир, таткото Галадов.

15. Махир се ожени од Уфеј и од Суфеј, сестра им се викаше Мака; името на другиот му беше Салпад, а Салпад имаше ќерки.

16. Махировата жена Мака роди син, кому му го даде името Фарес. На брат му му го даде името Серес, а негови синови беа Улам и Ракем.

17. Уламов син: Ведан. Тоа се синовите на Галад, синот Махиров, синот Манасиев.

18. Неговата сестра Амолекета ги роди: Исуд, Авиезер и Мала.

19. Семидини синови беа: Ахијан, Сихем, Лихиј и Анијам.

20. Ефремови синови: Сутал, неговиот син Веред, негов син Тахат, негов син Елеад, негов син Тахат,

21. негов син Завад, негов син Сутал, Есер и Елеад. Нив ги убија галадските граѓани, родени во земјата, зашто слегоа да им го одземат добитокот.

22. Затоа нивниот татко Ефрем тажеше долго време, а браќа му одеа да го утешуваат.

23. Тогаш влезе при својата жена, и таа забремени и роди син, а тој му даде име Верија, зашто несреќата се случи во неговата куќа.

24. Ќерка му беше Сера, која ги изгради Долниот и Горниот Вет Орон и Узен-Сера.

25. Син му беше Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, негов син Тахан,

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 7