Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 6:8-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. на Ахитова му се роди Садок; на Садока му се роди Ахимас;

9. на Ахимаса му се роди Азариј, на Азарија му се роди Јоанан;

10. На Јоанана му се роди Азариј, кој беше свештеник во Храмот што го изгради Соломон во Ерусалим.

11. На Азарија му се роди Амариј; на Амарија му се роди Ахитов;

12. а на Ахитова му се роди Садок, на Садока му се роди Салум;

13. на Салума му се роди Хелкиј, на Хелкија му се роди Азариј;

14. на Азарија му се роди Јоседек.

15. Јоседек отиде кога Господ ги одведе на заточение Јуда и Ерусалим преку Навуходоносоровата рака.

16. Левиеви синови беа: Гирсон, Каат и Мерариј.

17. Еве ги имињата на Гирсоновите синови: Ловениј и Симеј.

18. Каатови синови беа: Амрам, Исар, Еврон и Озил.

19. Мерариеви синови: Молиј и Мусиј. Ова се родовите на Левиевците според своите татковци.

20. Од Гирсон: син му Левениј, неговиот син Јат, негов син Зима,

21. негов син Јоах, негов син Идо, негов син Зера, негов син Етрај.

22. Катови синови: син му Аминадав, неговиот син Кореј, негов син Асир,

23. негов син Елкана, негов син Евијасаф,

24. негов син Тахат, негов син Урил, негов син Озиј, негов син Саул.

25. Елканини синови: Амасај и Ахимот;

26. негов син Елкана, негов син Суфиј, негов син Махат;

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 6