Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 6:61-77 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

61. На другите Каатови синови според племенските родови им паднаа со жрепка десет градови од половината Манасиево племе.

62. На Гирсоновите синови според нивните родови им припаднаа тринаесет градови од Исахаровото племе, од Асировото племе, од Нефталимовото племе и од Манасиевото племе во Васан.

63. На Мерариевите синови според нивните родови им припаднаа со жрепка дванаесет градови од Рувимовото племе, од Гадовото племе и од Завулоновото племе.

64. Така Израелевите синови им ги дадоа на левитите тие градови со пасиштата.

65. Ги дадоа со жрепка, од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови, тие градови кои се спомнати по име.

66. На оние кои беа од родовите на Каатовите синови, та добија со жрепка градови од Ефремовите племиња,

67. им ги дадоа како градови - прибежишта Сихем со пасиштата во Ефремовата Гора и Гезер со пасиштата,

68. Јокмеам со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата,

69. Ејалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата.

70. Од половината Манасиево племе им ги дадоа на родовите на другите Каатови синови: Анир со пасиштата и Вилеам со пасиштата.

71. На Гирсоновите синови синови им ги дадоа од родовите на половината Манасиево племе Голан во Васан со пасиштата и Астарот со пасиштата.

72. Од Исахаровото племе Кедес со пасиштата, Даврат со пасиштата,

73. Рамот со пасиштата и Аним со пасиштата.

74. Од Асировото племе Масал со пасиштата, Авдон со пасиштата,

75. Хукок со пасиштата и Реов со пасиштата.

76. Од Нефталимовото племе Кедес во Галилеја со пасиштата, Амон со пасиштата и Киријатаим со пасиштата.

77. На другите Мерариеви синови им ги дадоа од Завулоновото племе Римон со пасиштата и Тавор со пасиштата.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 6