Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 6:59-63 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

59. Асан со пасиштата и Вет-Семес со пасиштата.

60. Од Венијаминовото племе: Гаваја со пасиштата, Алемат со пасиштата и Анатот со пасиштата; и така тринаесет градови според нивните родови.

61. На другите Каатови синови според племенските родови им паднаа со жрепка десет градови од половината Манасиево племе.

62. На Гирсоновите синови според нивните родови им припаднаа тринаесет градови од Исахаровото племе, од Асировото племе, од Нефталимовото племе и од Манасиевото племе во Васан.

63. На Мерариевите синови според нивните родови им припаднаа со жрепка дванаесет градови од Рувимовото племе, од Гадовото племе и од Завулоновото племе.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 6