Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 6:48-59 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

48. Нивните браќа левити беа поставени за секаква служба во Шаторот на Божјиот Дом.

49. Арон и неговите синови принесуваа жртви паленици и врз кадилниот жртвеник, извршувајќи ја сета работа во Светината над светините и вршејќи го обредот за очистување од сè над Израел, според сè што заповеда Божјиот слуга Мојсеј.

50. Ова се Ароновите синови: син му Елеазар, неговиот син Финес, негов син Ависуј,

51. негов син Вукиј, негов син Озиј, негов син Зерај,

52. негов син Мерајот, негов син Амариј, негов син Ахитов,

53. негов син Садок, негов син Ахимас.

54. Ова се нивните живеалишта според населбите во нивното подрачје: на Ароновите синови од Каатовото семејство - зашто ним им падна жрепката -

55. им го дадоа Хеврон во Јудејската Земја со пасиштата околу него.

56. Градското Поле и неговите села му ги дадоа на Ефрониевиот син Халев.

57. И така, им ги дадоа на Ароновите синови градовите - прибежишта Хеврон и Ливна со пасиштата, Јатир и Естемој со пасиштата,

58. Илон со пасиштата, Девир со пасиштата,

59. Асан со пасиштата и Вет-Семес со пасиштата.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 6