Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 5:18-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Рувимови и Гадови синови, и половина на Манасиевото племе, храбри јунаци кои носеа штит и меч, та оптегнуваа лак и беа вешти во бој, беа четириесет илјади и седум стотини и шеесет војници.

19. Војуваа против Агарјанците, Етурејците, Нафисејците и Нодавејците.

20. Во бојот извикаа кон Господа, и Тој ги послуша, зашто се надеваа во Него: беа помогнати против непријателите, та им беа предадени во рацете Агарјанците со сите нивни сојузници.

21. Го запленија нивниот добиток, педесет илјади камили и двеста и педесет илјади овци и кози, и две илјади магариња и одведоа во ропство сто илјади луѓе.

22. Мнозина паднаа загинати, зашто тој бој беше од Бога; тогаш се населија на нивното место до преселувањето.

23. Синовите од половината Манасиево племе се населија во таа земја од Васан до Вал-Ермон и до Сенир и до Ермонската Гора и се беа намножиле.

24. Овие беа главатари на нивните родови: Ефер, Јесеј, Ели, Азрил, Еремиј, Одавиј и Јадил, храбри јунаци и угледни мажи: главатари во своите родови.

25. Но кога Му изневерија на Бога на своите татковци и и се предадоа на прељубата со боговите на народите на онаа земја, кои Бог ги откорна пред нив,

26. Израелевиот Бог ги разбуди непријателството на асирискиот цар Фула и непријателството на асирискиот цар Телгат-Фелнасар. Тие ги одведоа во ропство Рувимовото и Гадовото племе и половина од Манасиевото племе. Ги доведоа во Ала, во Авор и покрај Гозанската Река до денешниот ден.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 5