Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 5:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Нивни браќа по своите родови им беа: Михаил, Месулам, Сева, Јорај, Јахан, Зиј и Евер, седуммина.

14. Тоа беа синови на Авихаил, синот Уриев, син на Јарој, син на Галад, син на Михаил, син на Јесисај, син на Јадон, син на Вуз.

15. Ахиј, синот на Авдил, синот Гуниев, беше главатар на нивниот род.

16. Живееја во Галад и во нивните селца, та по сите саронски пасишта до нивните краишта.

17. Сите беа запишани во племенскиот родословник за време на јудејскиот цар Јотам и за време на израелскиот цар Јеровоам.

18. Рувимови и Гадови синови, и половина на Манасиевото племе, храбри јунаци кои носеа штит и меч, та оптегнуваа лак и беа вешти во бој, беа четириесет илјади и седум стотини и шеесет војници.

19. Војуваа против Агарјанците, Етурејците, Нафисејците и Нодавејците.

20. Во бојот извикаа кон Господа, и Тој ги послуша, зашто се надеваа во Него: беа помогнати против непријателите, та им беа предадени во рацете Агарјанците со сите нивни сојузници.

21. Го запленија нивниот добиток, педесет илјади камили и двеста и педесет илјади овци и кози, и две илјади магариња и одведоа во ропство сто илјади луѓе.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 5