Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 5:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Синови на Израелевиот првенец Рувим. Тој навистина беше првенец, ама кога ја онечисти татковата постела, неговото право за првенство им беше дадено на синовите на Израелевиот син Јосиф, но не им беше запишано во родословието,

2. зашто Јуда надвладеа меѓу браќата, а од него се роди кнез. Сепак правото на првенство му припадна на Јосифа.

3. Синови на Израелевиот првенец Рувим беа: Анох, Фалуј, Есрон и Хармиј.

4. Јоилови синови: неговиот син Семај, негов син Гог, негов син Симеј,

5. негов син Миха, негов син Реај, негов син Вал,

6. негов син Веир, кого го одведе во ропство асирискиот цар Телгат-Фелнасар; тој беше поглавар на Рувимовото племе.

7. На неговите браќа, по семејства, кога се запишаа во племенското родословие по поколенија, главатар им беше Еил, Захариј,

8. Вела, синот Азазов, син Семин, син Јоилов. Тој живееше во Ароир и до Нева и до Вал Меон.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 5