Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 4:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Елини синови беа: Серед, Јесоар и Етнан.

8. На Кос му се родија Анув и Совив и семејствата на Арумовиот син Ахарил.

9. Јавис беше пославен од своите браќа, и мајка му го нарече Јавис, велејки: „Го родив со болка.”

10. Јавис Го повика Израелевиот Бог говорејќи: „Ако ме благословуваш навистина, прошири го моето подрачје, Твојата рака нека биде покрај мене и запази ме од злото, за да не се измачувам!” Бог го исполни тоа за што Му се молеше.

11. На Суевиот брат Хелув му се роди Мехир; тој беше Естонов татко.

12. Од Естона потекнаа Вет-Раф, Фесеј и Техин, таткото на Ир Нас. Тоа се Рихавови луѓе.

13. А Кенезови синови беа: Готонил и Серај. Готонилови синови: Атат и Меонот.

14. На Меонота му се роди Офра; на Сераја му се роди Јоав, таткото на оние кои што живеат во Долината на Ракотворците, зашто беа дрводелци.

15. Синови на Ефониевиот син Халев беа: Ир, Ила и Нам; Илин син беше Кенез.

16. Јалелеилови синови беа Зиф, Зифа, Тириј и Асареил.

17. Езрини синови: Етер, Меред, Ефер и Јалон; на Етера му се родија Маријама, Самај и Есва, таткото на Естемој.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 4