27. Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, и сите нивни семејства не беа толку многу колку Јудините синови.
28. Живееја во Вир-Савеја, во Молада и во Асар-Саул,
29. во Вала, во Асем, во Толад,
30. во Ветуил, во Орма, во Сиклаг,
31. во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим, во Вет-Виреја и во Сараим. Тоа беа нивни градови до Давидовото царување.
32. А нивни населби беа: Итам и Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови.
33. И сите нивни населби што беа околу тие населби до Вал. Тоа беа нивните станови и нивните племенски родословија.
34. Месовав, Јамлих и Амасиевиот син Јоса,
35. Јоил и Јуј, синот Јосивиев, син на Серај, синот Асилов,