Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 26:5-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. шестиот Амил, седмиот Исахар, осмиот Феултај, зашто Го благослови Бог;

6. а на неговиот син Семај му се родија синови, кои беа главатари во семејството, зашто беа храбри луѓе.

7. Синови на Семај беа: Готни, Рафаил, Овид, Елзавад со своите браќа, храбри луѓе, Елиуј и Семахиј.

8. Сите тие беа од Овид-Едомовите синови, тие и нивните синови и нивните браќа, храбри луѓе, способни за служба; беа шеесет и два од Овид-Едом.

9. Меселимиеви синови и браќа, храбри луѓе, беа осумнаесет.

10. Осини синови од Мерариевите синови: главатарот Симриј, иако не беше првенец, неговиот татко го постави за главатар;

11. вториот Хелкиј, третиот Тевалиј, четвртиот Захариј; сите синови и браќа на Ос беа тринаесет.

12. Ова се вратарските редови. Главатари на овие јунаци беа, како и нивните браќа, чувари во служба на Господовиот Дом.

13. Фрлаа жрепки, најмалиот како и најголемиот, по семејствата за секоја врата.

14. Жрепката на исток му падна на Селимиј; неговиот син Захариј беше мудар советник. Кога ги фрлија жрепките, му падна жрепката на север,

15. на Овид-Едом на југ; а на неговите синови на ризницата;

16. на Суфим и Ос на запад со Салехетската Врата, на патот што води кон нагорницата; стражата беше до стража.

17. Од исток четири на ден, од југ четири на ден; а кај ризницата по двајца.

18. На храмската приградба, од запад, четворица на нагорништето, двајца кај приградбата.

19. Тоа се вратарските редови меѓу Кореевите и Мерариевите синови.

20. Левити, нивни браќа, беа: Ахиј над ризницата на Божјиот Дом и над ризницата на посветените работи.

21. Ладанови синови, Гирсоновци по Ладан, главатари на семејствата на Ладан Гирсоновецот, беа Ехиловците.

22. Ехиловците Зетам и брат му Јоил беа настојатели над ризницата на Господовиот Дом.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 26