Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 25:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Од Једутун: шесте Једутунови синови: Гедалиј, Сориј, Есаиј, Симеј, Асавиј и Мататиј под управа на својот татко Једутун, кој пееше восхитувачка пофалба со гусле славејќи Го и фалејќи Го Господа.

4. Од Еман: Емановите синови: Вукиј, Матаниј, Озил, Севуил, Еримот, Ананиј, Елијат, Гидалтиј, Ромамти-Езер, Јосвекас, Малотиј, Отир, Мазиот.

5. Сите тие му беа синови на царскиот гледач Еман, кој ги објавуваше Божјите работи за да ја возвиси Неговата сила; а Бог му даде на Емана четиринаесет синови и три ќерки.

6. Сите тие под водство на својот татко Асаф, та Једутун и Еман, пееја во Господовиот Дом, со кимвали, псалтири и гуслиња, по царска повелба.

7. Беа, со нивните браќа, извежбани во пеење на Господови песни, двеста осумдесет и осум, сите беа вешти во тоа.

8. Фрлија жрепки за својата службена должност, најмалиот исто како и најголемиот, учителот како и ученикот.

9. Првата жрепка падна на Асафовиот Јосиф, втората на Гедалиј со неговите браќа и со синовите, нив дванаесет;

10. третата на Захур со неговите синови и браќа, нив дванаесет;

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 25