Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 24:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Мерариеви синови од Јазиј, неговиот син: Соам, Захур и Ивриј;

28. од Малија Елеазар, кој немаше деца;

29. од Кис, Кисови синови, Ерамеил.

30. Мусиеви синови: Малиј, Едер и Јеремот. Тоа беа левитските синови според своите семејства.

31. И тие фрлаа жрепки како и нивните роднини, Ароновите синови, пред царот Давид, пред Садок, пред Ахимелех и пред семејните главатари, сред свештениците и левитите, и тоа еднакво главатарот на семејството како и неговиот најмал брат.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 24