Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 24:16-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. деветнаесеттата на Петај, дваесеттата на Езекил,

17. дваесет и првата на Јахин, дваесет и втората на Гамул,

18. дваесет и третата на Делај, дваесет и четвртата на Мазиј.

19. Тоа е нивниот ред во службата по кој треба да одат во Господовиот Дом, според своето правило, примено од татка им Арон, како што му заповеда Господ, Израелевиот Бог.

20. Од другите левиеви синови од Амрамовите синови беше Суваил; од Суваиловите синови Једај;

21. од Реавиј, од Реавиевите синови главатарот Есиј;

22. од Исаровците Селомот; од Селомотовите синови Јат.

23. Ериниите синови: втор Амариј, трет Јазил, четвртиот Јекамеам.

24. Од Узиловите синови Миха; од Михините синови Самир.

25. Михиниот брат Есиј; од Есиевите синови Захариј;

26. Мерариеви синови: Малиј и Мусиј: синови на Јазиј; Вено.

27. Мерариеви синови од Јазиј, неговиот син: Соам, Захур и Ивриј;

28. од Малија Елеазар, кој немаше деца;

29. од Кис, Кисови синови, Ерамеил.

30. Мусиеви синови: Малиј, Едер и Јеремот. Тоа беа левитските синови според своите семејства.

31. И тие фрлаа жрепки како и нивните роднини, Ароновите синови, пред царот Давид, пред Садок, пред Ахимелех и пред семејните главатари, сред свештениците и левитите, и тоа еднакво главатарот на семејството како и неговиот најмал брат.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 24