Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 23:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Откако остаре и им се насити на деновите, Давид го постави својот син Соломон за цар над Израел.

2. Потоа ги собра сите израелски кнезови, свештеници и левити.

3. Тој ги преброи левитите од триесет години нагоре, и беа триесет и осум илјади машки глави.

4. Меѓу нив беа дваесет и четири илјади од оние кои управуваа со работата околу Господовиот Дом, а шест илјади надгледници и судии,

5. пет илјади вратари и четири илјади од оние кои Го фалеа Господа со свирки што ги направи за фалење.

6. Давид ги подели на редови според Левиевите синови: Гирсон, Кат и Мерариј.

7. Од Гирсоновото колено беа: Ладан и Симеј.

8. Ладанови синови: главатари: Ехил, Зетам и Јоил, тројца.

9. Симееви синови: Селомит, Азил и Харан, нив тројца; тоа се главатари на Ладановите семејства.

10. Симееви синови: Јат, Зиза, Јеус и Вериј. Тие четворица се Симееви синови.

11. Јат беше главатар, а вториот Зиза; а Јеус и Вериј немаа многу деца, затоа се броеја во едно семејство, во еден дом.

12. Каатови синови: Амрам, Исар, Еврон и Озил, четворица.

13. Амрамови синови: Арон и Мојсеј. Арон беше одреден да ја осветува Светината над светините; тој и неговите синови довека, да кадат пред Господа, да Му служат и да благословуваат во Негово Име довека.

14. Мојсеј беше Божји човек. Неговите синови се вбројуваат во Левиевото племе.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 23