1. Откако остаре и им се насити на деновите, Давид го постави својот син Соломон за цар над Израел.
2. Потоа ги собра сите израелски кнезови, свештеници и левити.
3. Тој ги преброи левитите од триесет години нагоре, и беа триесет и осум илјади машки глави.
4. Меѓу нив беа дваесет и четири илјади од оние кои управуваа со работата околу Господовиот Дом, а шест илјади надгледници и судии,
5. пет илјади вратари и четири илјади од оние кои Го фалеа Господа со свирки што ги направи за фалење.
6. Давид ги подели на редови според Левиевите синови: Гирсон, Кат и Мерариј.
7. Од Гирсоновото колено беа: Ладан и Симеј.
8. Ладанови синови: главатари: Ехил, Зетам и Јоил, тројца.
9. Симееви синови: Селомит, Азил и Харан, нив тројца; тоа се главатари на Ладановите семејства.
10. Симееви синови: Јат, Зиза, Јеус и Вериј. Тие четворица се Симееви синови.