23. Ама Гесурејците и Арамејците ги освоија од нив Јаировите Села, Кенат со селата, шеесет градови. Сè тоа го освоија синовите на Махир, таткото Галадов.
24. Кога умре Есрон во Халев-Ерата, Есроновата жена Авија му го роди Асхор, таткото Текојанев.
25. Синови на Ерамеил, Есроновиот првенец, беа: Арам, па Вуна, Орен, Осем и Ахиј.