Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 2:12-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. На Воза му се роди Овид, на Овида му се роди Есеј.

13. На Есеја му се родија: првенецот Елијав, вториот Авинадав, третиот Сама,

14. четвртиот Натанаил, петтиот Радај,

15. шестиот Осем, седмиот Давид.

16. Сестри им беа: Серуја и Авигеја. Серуини синови беа: Ависај, Јоав и Асаил, тројца.

17. Авигеја го роди Амаса, а Амасин татко беше Исмаилецот Јетер.

18. Есроновиот син Халев имаше со жената своја Азува и со Ериота синови, а синовите му беа: Есер, Совав и Ардон.

19. Кога умре Азува, Халев ја зеде за жена Ерата, и таа му го роди Ур.

20. На Ур му се роди Уриј, а на Уриј му се роди Веселеил.

21. Потоа Есрон ја зеде ќерката на Махир, Галадовиот татко; ја зеде за жена кога му беа шеесет години, и таа му го роди Сегув.

22. На Сегув му се роди Јаир, кој имаше дваесет и три града во Галадската Земја.

23. Ама Гесурејците и Арамејците ги освоија од нив Јаировите Села, Кенат со селата, шеесет градови. Сè тоа го освоија синовите на Махир, таткото Галадов.

24. Кога умре Есрон во Халев-Ерата, Есроновата жена Авија му го роди Асхор, таткото Текојанев.

25. Синови на Ерамеил, Есроновиот првенец, беа: Арам, па Вуна, Орен, Осем и Ахиј.

26. Ерамеил имаше и втора жена, се викаше Атара, која беше Онамова мајка.

27. Синови на Арам, Ерамеиловиот првенец, беа: Мас, Јамин и Екер.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 2