Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 19:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа умре Нас, царот на Амонците, и син му се зацари на негово место.

2. Давид си рече во себеси: „Ќе му искажам љубов на Насовиот син Анун, зашто и неговиот татко ми искажа милост мене.” Давид испрати посланици за да му изразат сочувство заради смртта на неговиот татко. Кога Давидовите слуги дојдоа во земјата на Амонците кај Ануна за да му искажат сочувство,

3. кнезовите на Амонците му рекоа на Анун: „Зар мислиш дека Давид ги испрати луѓето за да ти искажат сочувство затоа што сака да му укаже чест на твојот татко? Не дојдоа ли затоа неговите слуги кај тебе, за да ја извидат, за да ја истражат и за да ја согледаат земјата?”

4. Тогаш Анун ги грабна Давидовите слуги и ги избричи, им ги потсече облеките до половина, до крстот, и ги испрати назад!

5. Кога му го јавија тоа на Давида, тој испрати човек пред нив, зашто беа многу засрамени, и им порача: „Останете во Ерихон додека не ви порасте брадата, па тогаш вратете се.”

6. Кога Амоновите синови видоа дека се замразија со Давида, Анун со Амоновите синови испрати илјада сребрени таланти за да наемат со плата бојни коли и коњаници од Арам Нахараим, од Арам Мах и од Сова.

7. Зедоа под наем за плата триесет и две илјади бојни коли, и царот на Маха со неговиот народ, та тие дојдоа и се настанија пред Медева. Амоновите синови се собраа од сите свои градови и дојдоа во бој.

8. Кога Давид го чу тоа, го испрати Јоава со сета своја јуначка војска.

9. Амоновите синови излегоа и се подредија во боен ред пред градската врата; а царевите кои дојдоа стоеја одделно во полето.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 19