Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 17:13-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Јас ќе му бидам нему татко, а тој ќе Ми биде Мене син: нема да ја одвратам Мојата милост од него, како што ја одвратив од неговиот претходник.

14. Ќе го утврдам во Мојот дом и во Моето царство довека, и неговиот престол ќе му стои цврсто засекогаш.”‘“

15. Натан му ги пренесе на Давида сите тие зборови и целото видение.

16. Тогаш Давид дојде и застана пред Господа и рече: „Кој сум јас, о Боже Господи, и што е мојот дом та ме доведе дотука?

17. Па и тоа беше премалку во Твоите очи, о Боже, туку му даде ветување на домот на Својот слуга и за далечната иднина, и погледна на мене како што се гледа на угледен човек, о Боже Господи!

18. Па уште што да ти зборува Давид за славата на Твојот слуга; та Ти го познаваш Својот слуга!

19. Господи, заради Својот слуга и по Своето срце го направи сето ова големо дело, објавувајќи ги овие величини.

20. Господи нема таков Каков што си Ти, ниту има Бог освен Тебе, според сè што чувме со своите уши.

21. Дали постои друг народ на земјата како Твојот Израелски народ, заради кој Бог одеше за да Си избави народ за Себе, за да си придобиеш така Име со големи и страшни чудеса, изгонувајќи ги кривобожечките племиња пред Својот народ што го откупи од Египет?

22. Така го направи Својот Израелски народ, Свој народ засекогаш, а Ти, Господи, му стана Бог.

23. Затоа сега, Господи, нека биде цврсто довека словото што му го даде на Својот слуга и на неговиот дом, и направи како што вети.

24. Нека биде цврсто, за да се велича Твоето Име засекогаш и да се вели: ‘Господ над Војските, Израелевиот Бог, е Бог над Израел, а домот на Твојот слуга Давид нека стои цврсто пред Тебе.’

25. Зашто Ти, Боже мој, му јави на увото на Својот слуга дека ќе му подигнеш дом, затоа Твојот слуга присобра храброст за да се помоли пред Тебе.

26. Навистина, Господи, Ти Си Бог, и Ти му го даде ова убаво ветување на Твојот слуга.

27. Затоа сега удостои се да го благословиш домот на Твојот слуга, за да остане довека пред Тебе, зашто кога Ти, Господи, ќе благословиш, ќе биде благословено довека.”

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 17