Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 16:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата.

27. Славата и величеството се пред Него, силата и радоста во Неговото Светилиште.

28. Дајте Му ги на Господа, народни племиња, дајте Му ги на Господа славата и честа!

29. Дајте Му ја на Господа славата на Неговото Име, носете приноси и доаѓајте пред Неговото лице! Поклонете Му се на Господа во блесокот на Неговата светост!

30. Трепери пред Него, сета Земјо! Ја зацврсти вселената за да не се заљулее.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 16