Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 16:17-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Тоа им го постави како закон на Јакова, како вечен Завет на Израел.

18. Велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја како дел во ваше наследство.”

19. Тие беа малубројни, и ништожни, и придојденици во неа.

20. Одеа од народ до народ, од едно царство кон друг народ.

21. Но Тој не му дозволи никому да ги угнетува, ги казнуваше заради нив царевите:

22. ”Не допирајте ги Моите помазаници, не правете им зло на Моите пророци!”

23. Пеј Му на Господа, цела Земјо! Проповедајте го од ден на ден Неговото спасение!

24. Кажувајте им ја на незнабошците Неговата слава, на сите народи Неговите чудеса.

25. Велик е Господ, предостоен за фалба, пострашен од сите богови.

26. Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата.

27. Славата и величеството се пред Него, силата и радоста во Неговото Светилиште.

28. Дајте Му ги на Господа, народни племиња, дајте Му ги на Господа славата и честа!

29. Дајте Му ја на Господа славата на Неговото Име, носете приноси и доаѓајте пред Неговото лице! Поклонете Му се на Господа во блесокот на Неговата светост!

30. Трепери пред Него, сета Земјо! Ја зацврсти вселената за да не се заљулее.

31. Небесата нека се веселат и земјата нека воскликнува; нека се зборува меѓу незнабошците: „Господ царува!”

32. Морето нека бучи и сè што е во него; полето нека се радува и што е на него!

33. Горските дрвја нека ликуваат пред Господа, зашто доаѓа да и суди на земјата.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 16