1. Тирскиот цар Хирам му испрати на Давида пратеништво и кедрови дрва, ѕидари и дрводелци за да му градат дворец.
2. Тогаш Давид созна дека Господ го потврди за цар над Израел и дека го возвишил неговото царство заради Својот Израелски народ.
3. Давид зеде уште жени во Ерусалим и имаше уште синови и ќерки.
4. Еве ги имињата на децата што му се родија во Ерусалим: Самуј, Совав, Натан, Соломон,
5. Евар, Елисуј, Елфалет,
6. Нога, Нефег, Јафија,