Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 12:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Еве ги оние што дојдоа кај Давида во Сиклаг, додека уште се криеше од Саула синот Кисов, и кои беа меѓу јунаците помагачи во бојот;

2. умееја да ракуваат со лакот и со десницата и со левицата, и знаеја да се служат со камења и со стрели. Од Сауловите браќа, Венијаминовците:

3. началникот Ахиезер и Јоас, синови на Гаваецот Семај, па Езил и Фелет, синови Азмаветови, и Верах и Јуј Анатотец;

4. Гаваонец Исмај, јунак меѓу триесетмината и над триесетмината, Еремиј, Јазаил, Јоанан и Јозавад Гедиротец;

5. Елузај, Еримот, Валиј, Семариј и Сефатиј Аруфец;

6. Елкана, Есиј, Азареил, Јоезер и Јасовеам, Кореовци;

7. Јоил и Зевадиј, синови на Јероам Гедорец.

8. Некои Гадовци преминаа кон Давида во тврдината во пустината, храбри јунаци, воини, вешти на бој, вооружени со штит и со копје; лицата им беа како лавски, а беа брзи како срни по горите:

9. началникот Есер, втор Овадиј, трет Елијав;

10. четврти Мисман, петти Еремиј,

11. шести Атај, седми Елил;

12. осми Јоанан, деветти Елзавал,

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 12