Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 1:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Хусови синови: Сава, Авила, Савата, Регма и Саватака; Регмини синови: Сава и Дедан.

10. На Хус му се роди Неврод, кој беше прв властодржец на земјата.

11. Од Мисраима потекнаа Лудејците, Анамејците, Леавејците, Нафтухејците,

12. Патрусејците и Хаслухејците, од кои што потекнаа Филистејците и Касторејците.

13. На Ханан му се родија Сидон, својот првенец, и Хет,

14. и Евусејците, Аморејците, Гергесејците,

15. Евејците, Асенејците,

16. Арвадејците, Самаријците и Аматејците.

17. Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд, Арам, Уз, Ул, Гетер и Месех.

18. На Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер.

19. На Евера му се родија два сина: на едниот името му беше Фалег, зашто во негово време се раздели земјата; името на неговиот брат беше Јоктан.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 1